Во градинката „Мајски цвет“, клон Јасмин, во Тафталиџе 2 беа пуштени во употреба четири реновирани занимални кои пред два месеци беа оштетени, откако падна дел од плафонот.

Во посета на градинката денеска беше градоначалникот Стевчо Јакимовски.

– Во градинката „Мајски цвет“ беше неопходно да се заменат сите гипс картон табли на плафоните во занималните. Со ова, се надевам дека нашите најмлади ќе бидат безбедни и нема да ни се случи повторно она што ни се случи – да падне дел од плафонот- изјави Јакимовски.

Тој информираше дека во исто време директорката и сите други директори добиле налог четири пати годишно да ги проверуваат олуците, да ги чистат, за да не се запушуваат, за потоа водата да не се прелева и да нема несакани последици, затоа што претставуваат опасност по животот и здравјето на децата згрижени во предучилишна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 15:21