Во СВР Куманово, вчера во 15:30 часот 37-годишна жена од Куманово пријавила дека од нејзината трансакциска сметка, без нејзино одобрување биле подигнати околу 15.000 денари. Според пријавеното, нејзиниот малолетен син на интернет страница објавил продажба на монитор, по што на 13.08.2022 едно женско лице на вибер остварило комуникација со него.

Како што е пријавено, лицето побарало од нејзиниот син трансакциска сметка и пин бројот од банкарска картичка за да може да му пушти пари, по што тој ја дал сметката и пинот од картичката на пријавителката.

Исто така, според пријавеното, откако отишла да ја провери состојбата на сметката, сфатила дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2022 05:44