Чешката тенисерка Сара Бејлек ја објасни скандалозната сцена по победата во квалификациите на УС Опен.

Шеснаесетгодишната Сара, откако влезе во главната рунда, истрча до нејзиниот татко Јарослав Бејлек и тренерот Јакуб Кахун. Ја бакнаа и ја тапкаа по задникот, што беше снимено на видео и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

– Секако дека го видов ова видео, но тоа беше спонтана реакција. Бевме само среќни. Се разбира, ова некому може да изгледа провокативно, но ние веќе разговаравме за овој случај. Ова нема да се повтори. Татко ми е мојот татко и секогаш ќе биде. А тренерот го познавам од осум години, ми прави масажа. Да се ​​случеше нешто слично во Чешка, никој не би обрнувал внимание. Но бидејќи сме во Америка, сите коментираат. Но, како што реков, разговаравме и тоа нема да се повтори, изјави Бејлек за „Дејли мејл“.

Бејлек во првото коло на УС Опен загуби од Људмила Самсонова со 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2022 09:37