На подрачјето на Центар во Скопје, вчера во 12.50 часот полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.П.(42) од Скопје.
Тој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“ казниво по член 377 од Кривичниот законик.
Од МВР информираа дека лицето било предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.