Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го посети општинското основно училиште Његош каде што присуствуваше на приемот на првачињата и првиот училишен час.

На приемот на првачињата се обрати градоначалникот Стефковски, кој за приемот објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Детскиот џагор, насмевки и по некоја солза го одбележаа денешниот прв училишен ден во ООУ Његош во Колонија.

Ми беше задоволство да присуствувам на приемот на првачињата и на првиот училишен час со цел да им посакам успешен почеток на образовниот процес на првачињата кои од денес започнуваат една нова етапа во животот.

Образованието е процес на стекнување знаења, вештини, вредности, верувања и навики.

Образованието е многу значајно за раст и развој на детето и се смета за клуч за успех и светла иднина.

Образованието на нашите деца почнува од рана возраст. За прв пат се среќаваат со учењето преку игра во градинка, потоа продолжуваат во основно и средно училиште.

На наставниците во училиштето им порачав: денес е денот кога ја превземате одговорноста за едукација на дечињата. Ваша цел треба да биде нивниот напредок, развој и стекнување на образование. Направете ги сите лекции лесни и забавни. И создавајте атмосфера, дечињата со нетрпение очекуваат да присуствуваат на вашиот час.

Драги дечиња,

Од денес за вас започнува процесот на учење и другарување во училниците и училишните клупи. Ќе ги осознаете природните науки, македонскиот јазик, ќе се стекнете со основните знаења кој ќе ги паметите низ целиот живот, а за сето тоа да биде лесно, тука се вашите наставници кои ќе го трасираат патот на вашата иднина.

На сите ученици им посакувам среќен почеток на образованиот процес и денови исполнети со неизмерна среќа, радост и другарување.

Општина Гази Баба оваа година за прв пат на сите 750 првачиња им додели еднократен паричен надоместок во висина од 3000 денари. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2022 12:07