На подрачјето на Бит Пазар во Скопје, денеска околу 12.00 часот полициски службеници од Отсекот за потраги – Оделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.З.(53) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2022 14:08