Основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче добива надградба со која ќе се обезбеди капацитет за примање на над 100 нови ученици.

Со предвидената надградба која денеска ја презентираше градоначалникот Тимчо Муцунски, овој дел на Аеродром повеќе нема да го има проблемот со недоволен број на училници и административни простории за нови ученици и кадар, како и дотраените стари инсталации.

Доградбата е предвидена на 314 квадратни метри нова површина над постојното источно крило од училиштето, при што покрај трите нови училници и новата канцеларија, ќе бидат изведени нова кровна конструкција, внатрешна и надворешна столарија, нови подови, нова термичка фасада, целосно нова опрема, како и нови електрични, водоводни, термотехнички и противпожарни инсталации.

Општина Аеродром исто така работи на проширувањето на капацитетите на ОУ „Блаже Конески“, со што се превенираат идните појави на недостиг од капацитети за згрижување нови ученици.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2022 14:58