Општина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за сите 430 првачиња во шесте основни училишта. Градоначалникот Александар Стојкоски денеска ја сподели радоста со првачињата и нивните родители во ООУ „Мирче Ацев“, додека останатите училишта беа посетени од членовите на Советот во општината.
Стојкоски истакна дека учебната година стартува успешно.
– Покрај тековните активности кои навремено беа завршени, отпочна и настава со физичко присуство по цели две години во ООУ „Тихомир Милошевски” и подрачното ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”- изјави градоначалникот.
Тој додаде дека од петти септември целосно е организирана исхраната и топлиот оброк. Воедно, отпочнува и целодневната настава, а училишните дворови се хортикултурно уредени пред стартот на 1 септември.
Во општината продолжува и трендот на стабилна бројка за првачиња што се движи од 400 до 450 во последните изминати неколку години.
-Драги првачиња, пред вас е еден нов свет во кој ќе запознавате многу нови работи. Желбата за повеќе знаење секогаш да биде ваша најголема цел. Така ќе израснете во прекрасни млади личности, а вашите родители горди на вВас – рече Стојкоски, обраќајки се во училиштето „Мирче Ацев“.
На сите вработени во образовниот систем им порача да ги образоваат и воспитувате децата и да ги изнесат кон вистинскиот пат.