Со комплетирање на прелиминарната рунда познатите се сите учесници во групите од главната фаза во УЕФА шампионската лига во футсал, во која македонскиот првак Шкупи ќе стартува идниот месец на домашен терен.

Шкупи ќе биде домаќин на натпреварите во групата 8 во која, покрај чешки Хрудим, од прелиминарната рунда се пласираа и Диферданж од Луксембург и Лученец од Словачка.

Натпреварите од главната рунда ќе се играат од 25 до 30 октомври.

Пласман во елитната фаза ќе обезбедат само победниците во осумте групи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2022 12:18