Општина Аеродром ги повикува сите деца, ученици, родители и возрасни на забавна, културна и спортска манифестација да го испратиме летниот распуст и почетокот на новата учебна година!
Настанот ќе се одржи во недела (04.09.2022) со почеток во 17:45 часот во паркот „Авион“, каде младите ќе се забавуваат, другаруваат и спортуваат.
Забавниот настан ќе биде отворен со популарните песни на нашите хитови од детскиот фестивал „Поточиња“. Во рамки на манифестацијата ќе има детска трка со баланс-велосипеди, а младите ќе имаат можност да се запознаат и со разни спортски содржини што ќе бидат презентирани и ќе можат да изберат еден од понудените спортови за натамошно практикување.
На настанот се предвидени изненадувања за најмладите, со што низ забава, спорт и другарување ќе се означи почеток на уште една учебна година.
Општина Аеродром ја продолжува традицијата на одбележување на сите настани кои се од огромно значење за најмладите, со цел да се промовира македонската музика и да се издигне спортскиот и забавниот живот во општината на повисоко ниво!