Во Скопје на ул.„Темко Попов“ денеска во 13:15 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово – Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и шест месеци, а бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната установа за доиздржување на затворската казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2022 15:16