На 01.09.2022 во 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите од кои починал додека извршувал градежни работи на училишен објект во тетовско Камењане.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и инспектори за безбедност и здравје при работа од Подрачна единица Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.