ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава година против А.Ј.(20) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 06.08.2022, таа се договорила со женско лице од Гевгелија, со такси возило да и прати злато со вкупна тежина од 32,48 грама, кое пријавената требало да го пречека во Скопје, да го стави во залог кај нејзин пријател и со истото такси возило да се врати во Гевгелија и да и донесе пари.

Такси возачот и го предал пакетот на пријавената, која истиот ден го продала во златарница. До моментот на поднесување на пријавата оштетената не ги добила паричните средства.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2022 04:53