Општина Гази Баба ја информира јавноста и граѓаните, дека под покровителство на градоначалникот Бобан Стефковски, а во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија општина Гази Баба организира голем музички настан за одбележување на денот на независноста.
Натстанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во населба Автокоманда.
На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
Ги покануваме жителите на општина Гази Баба, град Скопје и Република Македонија да присуствуваат на настанот - се вели во соопштението од општина Гази Баба.