На 03.09.2022 полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал го лишија од слобода А.А. (59) од с. Туин, кичевско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“, предвидено со чл.288 од КЗ.
Имено, А.А. на 04.12.2021 подметнал пожар во викенд куќа во с.Кнежино, кичевско, сопственост С.К.
Поднесена е кривична пријава до ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.