Големата награда на Сан Марино беше последната за Андреа Довициозо во Мото ГП серијата. Довициозо заврши на 12. место.

Пилотот на „RNF“ помина 15 сезони во премиерната класа и три пати заврши на второто место во поединечна конкуренција.

Покрај тоа, Андреа е шампион во категоријата до 125 кубика од 2004 година.

Во Мото ГП, Довициозо возеше за Хонда, Јамаха и Дукати, забележа 15 победи и освои 62 подиуми.

Во преостанатите трки во сезоната 2022, замена за Италијанецот ќе биде Кал Кратчлоу.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 07:33