Тетовската полиција расчистува случај во кој 52-годишник од градот пријавил напад од две лица, а причината била расправија околу паркирање. Настанот се случил во неделата.

-Педесет и деветгодишниот тетовец А.Х. вчера (4 септември) во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово физички бил нападнат од Н.А.(65) и О.А.(35), на што му претходела нивна меѓусебна расправија околу паркирање возило. Во нападот, според пријавеното, О.А. употребил и остар предмет, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2022 12:12