Македонската метропола од утре до 11 септември ќе биде домаќин на „Youth Star Contender“ е еден од највисоко рангираните турнири во пинг-понг во младинска конкуренција за играчи од цел свет. Турнирот во Скопје кој е еден од шесте од овој ранг кои се организираат низ цел ќе се игра СЦ „Борис Трајковски“.

– Конечно може да се пофалиме дека и Скопје т.е. Македонија е на светската мапа на пинг-понгот. Категории во кои ќе се натпреваруваат светските млади ѕвезди се: момчиња У15 и У19 поединечно и двојки, девојки У15 и У19 поединечно и двојки, мешани двојки, објави организаторот на турнирот.

На 7 и 8 септември ќе се играат натпреварите во машка конкуренција, со тоа што в четврток попладне ќе се играат финалињата во машки У15 и У19 категории поединечно и двојки. На 9 септември ќе се играат натпреварите од мешани двојки и истиот ден ќе се играат и финалињата од мешани двојки. Последните два дена на распоредот се натпреварите во женска конкуренција, со тоа што на 11 септември попладне ќе се играат финалињата во женски У15 и У19 категории поединечно и двојки.

На турнирот ќе земат учество околу 120 најдобри светски играчи, а нашата репрезентација ќе биде рамо до рамо со едни од најдобро рангираните играчи во светот кои доаѓаат од следните држави: Австрија, Белгија, Германија, Франција, Кина, Јапонија, Кинески Тајпеј, Бугарија, Хрватска, Колумбија, Англија, Грција, Унгарија, Индија, Ирска, Израел, Италија, Мексико, Полска, Португалија, Норвешка, Кореа, Словачка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Порторико.

Македонски пингпонгари кои ќе настапат се: Александар Јакимовски и Стојчев Лука во категорија У15 момчиња поединечно и двојки, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска во категорија У15 женски поединечно и двојки, Ана Стојановска и Катерија Лаура Михајлов во категорија У19 женски поединечно и двојки. Во категорија У15 мешани двојки исто така ќе настапат Александар Јакимовски, Стојчев Лука, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2022 08:50