Полицијата синоќа, во 22 часот, на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај клучка Групчин, лишила од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од село Голема Речица, Тетовско.
Како што соопшти МВР, при преглед кај лицата и во возилото „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9 мм без документи и една дробилка.
Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.