Возачот на Ферари, Шарл Леклер, по резултатите од холандското Гран при, призна дека тимот треба да се подобри, бидејќи сега на болидите на Скудерија почнува да им недостасува брзина во однос на директните конкуренти.
– Мислам дека не можевме да направиме нешто поинаку, едноставно немавме темпо. Едноставно не бевме доволно брзи. Токму на овој проблем сега сме фокусирани – мора да се обидеме да ја вратиме брзината што ја покажавме на почетокот на сезоната. Затоа што сега има чувство дека сме изгубиле малку во брзина, особено во однос на темпото на долга дистанца. Јасно е дека и другите тимови напредуваат, но на последните трки имавме особено очигледни проблеми. Сега Мерцедес се врати во борбата, ривалите се многу брзи. И во Зандворт беа многу брзи, особено на тврди гуми. Ми се чини дека нашето темпо беше добро на „меки“, меѓутоа, кога се префрливме на нов сет на медиум пневматици, дефинитивно не бевме толку брзи како што очекувавме, изјави Леклер.
Пилотот на Ферари со 201 бод е на делба на второто место во Генералниот пласман во Формула 1 шампионатот со Серхио Перез од Ред Бул. Лидер е Макс Верстапен исто така од Ред Бул со 310 бодови.