Исчистени 20 тони отпад од Кисела Вода

Во заедничка акција на службите на општина Кисела Вода и ЈП ,,Комунална хигиена”, денес се чистеше низ територијата на општината.

Од утрото, триесетина сезонски работници го собираа комуналниот и кабастиот отпад во сите месни и урбани заедници.

Со четири камиони насобраниот отпад потоа повеќе пати се носеше на Дрисла. Собрани беа вкупно 20 тони отпад.

Континуитетот на подигнување на хигиената во општина Кисела Вода продолжува и во периодот што следи.

Апелираме до сите наши жители за совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот.

Грижата и одговорноста за средината во која живееме треба и мора да биде заедничка.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2022 13:40