Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти денеска дека американскиот град Форт Ворт ќе биде домаќин на годинешниот завршен турнир за тенисерки.

ВТА финалето на кое настапуваат најдобрите осум тенисерки во сингл и двојки ќе се одржи во сојузната држава Тексас од 31 октомври до 7 ноември.

Завршниот турнир во женска конкуренција последен пат се играше во САД во 2005 година, кога домаќин беше Лос Анџелес.

Од следната година домаќин на ВТА финалето повторно ќе биде кинескиот град Шенжен, кој беше организатор во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2022 03:15