Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска присуствуваше на работен ручек со седумчлената делегација од енергетскиот сектор на Словачка, која е дел од делегацијата предводена од претседателката на Словачка Зузана Чапутова во посета на Република Македонија.

Како што соопштија од АД ЕСМ, на средбата која е на покана на словачкиот амбасадот во Македонија, биле разменети искуства од справувањето со енергетската криза, како и инвестициите и развојот на енергетскиот сектор.

Претседателот Стево Пендаровски денеска е домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на земјава. Чапутова се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2022 15:12