ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека корисниците на дел од булевар Србија, Христо Татарчев и висока зона од населба Аеродром и населба Ново Лисиче денеска ќе имаат прекинато водоснабдувaње.
Поради промена на шибер ф – 80 мм на Булевар Србија (кај железничкиот мост), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Србија, Христо Татарчев – (сервисна зона од ул.1 до ул.7) и висока зона од населба Аеродром и населба Ново Лисиче од 09:00 часот до завршување, информираат од претпријатието.