Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ига Швјонтек од Послка ноќеска во четвртфиналето на УС Опен ја победи осмата на ВТа листата, Џесика Пегула од САД со 6:3, 7:6 во меч што траеше безмалку два часа.

За полската тенисерка ова е 55-та победа сезонава. Таа загуби само седум натпревари.

Воедно, Швјнтек стигна до полуфиналето на третиот Грен слем турнир во 2022 година. Таа не се пласира помеѓу четирите најдобри само на Вимблдон.

Последен пат една тенисерка избори три полуфиналиња на Грен слемовите во иста сезона се случи во 2017 година. Тоа беше Венус Вилијамс.

Севкупно, ова е четврто полуфинале во кариерата за Швјонтек на Грен слем. Освен трите годинава, има и на Ролан Гарос 2020, каде што ја освои првата титула.

Во полуфиналето во Њујорк, Швјонтек ќе игра со Потоа ќе игра со Арина Сабаленка. Другото полуфинале го сочинуваат Гарсија – Жабер.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2022 09:41