Полициски службеници на СВР Тетово денеска (8 септември) од 10 до 17 часот спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која биле откриени вкупно 207 прекршоци(ТЕ-130 и ГВ-77).Од нив, 117 возачи возеле пребрзо надвор од населено место.

Пет возачи ((ТЕ-3 и ГВ-2) ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час, а 49 (ТЕ-19 и ГВ-30) над 50 километри на час.Во контролата санкционирани, исто така, се и 90 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-70 и ГВ-20), од кои 1(ТЕ) над 50 километри на час, како и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-5).

СВР Тетово апелира до возачите да не возат пребрзо, зашто токму неприлагодената брзина е причина број еден за сообраќајни несреќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2022 03:36