Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, трката од Формула 1 во Монца ќе ја почне од последната, 20 позиција, поради замена на моторите, јавија денеска британските медиуми.
Британецот Хамилтон за време на трката за Големата награда на Белгија предизвика инцидент на патеката со Фернандо Алонсо и притоа го оштети моторот на својот болид.
Поради оштетувањето на моторот при сударот, Мерцедес беше принуден по четврти пат оваа сезона да вгради нов агрегат во болидот на Хамилтон.
Седумкратниот светски првак во Формула 1 во моментов се наоѓа на честото место во генералниот пласман сезонава.
Трката за Големата награда на Италија ќе се вози в недела со почеток во 15 часот.