Новопечен татко откри дека страдал од постпородилна депресија по раѓањето на своето прво дете. Тој тврди дека постојано плачел затоа што не можел емотивно да се поврзе со својот син.

Џек Пост (34) вчера говореше за тоа на „Радиоемисијата на Кристијан О’Конел“, шест месеци откако неговата сопруга Бјанка го роди нивното прво бебе – малиот Гордон.

– Сѐ почна кога мојот син се роди во март. Бев толку возбуден. Се чувствував како да сум совршен сопруг до раѓањето, а потоа нешто се промени, откако тој се роди и беше навистина чудно, изјави Пост.

Новиот татко признава дека не ги имал чуствата што ги очекувал за малечкото веднаш по раѓањето. Поради тоа се засрамил и ноќите ги минувал „неконтролирано плачејќи“, и не можејќи да ги разбере сопствените емоции.

– Чувствував вина и срам што го донесов ова мало момче на свет и требаше толку многу да го сакам, а не го почувствував тоа, вели тој. – Бјанка направи сè – мина низ бременоста, го донесе на свет, а јас сум оној депресивниот и плачам на подот. Чувствував толку голема вина, непријатност и срам поради тоа!

Три месеци по раѓањето на Гордон, Пост решил да побара помош од психотерапевт, кој му рекол дека боледува од постпородилна депресија.

Според „Журналот“ на Американското медицинско здружение, околу 10 отсто од татковците доживуваат депресија пред или веднаш по раѓањето на детето.

Психологот Скот Биа потврдува дека новите татковци, исто како и новите мајки, доживуваат вистински промени во нивото на нивните хормони по раѓањето на детето. Тој тврди дека овие биолошки фактори придонесуваат за постпородилна депресија кај мажите, како и промените во начинот на живот, промените во спиење.

Советот, според него, гласи – „не бидете слабак и приберете се“, па во суштина, и да се покаже кој е „маж во куќата“.

Новопечениот татко открива дека набрзо сѐ се променило и почнал да се поврзува со бебето, кое сега има шест месеци.

– Сега го сакам толку многу, што не го чувствував во првите три месеци, вели Џек.

Тој исто така призна дека би сакал да се врати во времето и да си каже себеси дека сè е в ред и дека тие измешани чувства не траат засекогаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2022 09:16