Полската тенисерка Ига Свјонтек и Онс Жабер од Тунис ќе играат во финалето на последниот грен – слем турнир сезонава УС Опен во Њујорк.

Свјонтек, која е најдобро рангирана на ВТА листата, ја совлада во полуфиналето белоруската ривалка Арина Сабаленка со 3-6, 6-1, 6-4, додека петта тенисерка во светот Жабер беше подобра од Каролин Гарсија од Франција со 6-1, 6-3.

За 21-годишната Свјонтек ова е прво финале на УС Опен во кариерата, во која има две грен – слем титули на Ролан Гарос.

Нејзината противничка во утрешното финале, Жабер, ќе го игра второто финале во кариерата, а претходно најголем успех на грен – слемот во Њујорк и беше пласман во третото коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2022 10:20