Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување на службена исправа“ како и против С.Р.(44) од струшкото село Велешта, за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– На 27-ми минатиот месец првопријавениот, во својство на службено лице-референт за транспорт (манипулант) во ЈП ШПС „Јабланица“ – Струга, на второпријавениот, како управител на правно лице за превоз на огревно дрво, со седиште во струшкото село Велешта, му издал и потпишал службена исправа – испратница со невистинита содржина за пресечени 16 кубни метри огревно дрво, пресечени во оддел кој воопшто не постоел додека второпријавениот, на М.И. од тетовското село Желино му издал лажна испратница дека исечените дрва биле подигнати од неговиот склад во селото Велешта, рече Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Тој, исто така, информираше дека пред два дена во 22:30 часот, во ОВР-Дебар, лишен од слобода е Р.Д. (45) од Дебар кој, претходно во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во последните два месева ова е петти пријавен случај на семејно насилство.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2022 12:29