Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
-Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.