Женската репрезентација на Шпанија го освои трофејот на Европското првенство во ватерполо кое се игра во Сплит, Хрватска.

Во финалниот натпревар Шпанките синоќа ја совладаа Грција со 9:6. Клучната разлика шпанската селекција ја создаде во првата четвртина која ја доби со 3:0.

Претходно во мечот за третото место, селекцијата на Италија ја совлада Холандија (16:13).

За денес се закажани последните две средби во машка конкуренција. Прво, од 18 часот во меч за бронзата ќе играат Шпанија и Италија. Во 20:30 часот ќе почне финалето во кое ќе се сретнат Унгарија и домаќинот Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2022 09:57