На подрачјето на Кисела Вода, вчера во 14.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Кисела Вода го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој се барал по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело и ќе биде спроведен до надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.