Во Монца попладнево се возеа квалификациите за 16. трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Италија. До пол-позицијата стигна возачот на Ферари, Шарл Леклер со време 1:20.161 минута.
Втор најбрзо извозен круг имаше Макс Верстапен од Ред Бул со 0,145 секунди заостанување.
Трет беше Карлос Сајнц од Ферари со 0,268 секкунди побавно време од клупскиот колега Леклер.
Пласман од 1-10.место во квалификациите за ГН на Италија.
Шарл Леклер (Ферари) – 1.20.161
Макс Верстапен (Ред Бул) +0,145
Карлос Саинц (Ферари) +0,268
Серхио Перез (Ред Бул) +1,045
Луис Хамилтон (Мерцедес) +1.363
Џорџ Расел (Мерцедес) +1.381
Ландо Норис (Мекларен) +1.423
Даниел Рикардо (Мекларен) +1.764
Пјер Гасли (Алфа Таури) +2.487
Фернандо Алонсо (Алпин).