На 06.09.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека околу 10.00 часот во Кочани бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра.

Според пријавеното, лицето му кажало дека направило сообраќајна незгода со друго лице – странец, кое не ги разбирало парите – евра и ако има да му даде да ги види.

Како што е пријавено, тој му дал часовник како гаранција, по што заминал и не се вратил, по што оштетениот сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2022 04:59