Полската тенисерка Ига Свјонтек е победник на последниот грен – слем турнир сезонава УС Опен откако во финалето во Њујорк беше поуспешна од Тинижанката Онс Жабер со 6-2, 7-5.

Дуелот меѓу првата и петтата носителка траеше нешто помалку од два часа, а моментно најдобрата светска тенисерка Свјонтек дојде до својата трета грен – слем титула во кариерата по успесите на Ролан Гарос (2020, 2022).

Жабер, пак, од своја страна го играше своето второ последователно грен – слем финале, но како и неодамна на Вимблдон, туниската тенисерка повторно загуби.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2022 09:55