Во центарот на Скопје, на ул. „Никола Кљусев“, денеска ќе биде отворена „Алеја на Украина“.
Амбасадата на Украина во Скопје соопшти дека ќе биде отворена и изложба која ќе го покаже уништеното културно наследство на Украина.
Алејата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович.