Вчера од 15.00 до 21.00 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, во која вкупно биле изречени 186 мерки (ТЕ-132 и ГВ-54).
При контролата било утврдено дека 87 возачи (ТЕ-48 и ГВ-39) ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) за повеќе од 70 километри на час над дозволеното.
Покрај ова, санкционирани се и 99 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-84 и ГВ-15), додека двајца возачи (ТЕ) ја пречекориле дозволената брзина за 50 километри на час. При контролата, исто така, откриени и санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-7).