Денеска во 14.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(30) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, со која се барал во врска со сторено кривично дело „разбојништво“.

Ј.А. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2022 15:41