На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се 11 мерки за нерегистрирани возила, две санкции за возач почетник, 10 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2022 09:29