Полицијата приведе лице од Куманово во чиј дом биле пронајдени, хероин марихуана и две дигитални ваги, соопшти денеска МВР.

-Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода И.М.(46) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени, хероин, марихуана и две дигитални ваги, соопштија од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2022 10:44