На 12.09.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане-скопско.

Тој се сомничи дека на 04.09.2022 во паркот во Ѓорче Петров одзел велосипед. Велосипедот бил пронајден и вратен на оштетениот.

Известен бил Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2022 16:07