Данела Арсовска во гостувањето на Телевизија Канал 5 истакна дека секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје и дека одамна нема контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Ние немаме контакт одамна, они контакти кои сме ги имале биле во насока да се реализираат оние програмски активности од програмата на Град Скопје. Јас како човек избран од скопјани нема да дозволам никакво политичко влијание во Град Скопје. Тоа сметам дека треба да се превенира да се случува во секое од овие јавни институции каде Градот е основач. Сметам дека сум должна кон сите граѓани, и кон тие што ме гласале и кон тие кои не ме гласале, ветив дека ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Во секој случај благодарна сум за довербата која ми беше укажана и јас сметам дека јас таа доверба нема да ја изневерам. Доколку некој сметал дека таа доверба треба да биде да одработувам за нечии лични интереси тоа нема да се случи. Пред се како човек од прв ден кажав дек ќе бидам против корупција, против тоа да има било какви политички влијанија и верувам дека на тоа ќе останам достојна до крајот на овој мандат, вели Арсовска.
Но, дека самата Данела Арсовска се демантира кога вели дека нема да дозволи корупција и политичко влијание во Градот Скопје, заборава дека пред две недели потпиша Договор врз основа на тендер на кој се пријавила само една фирма а е за нејзино рекламирање, односно рекламирање на Град Скопје во приватни медиуми и за кој планира да потроши над 90.000 евра, пари на Скопјани.
За овој тендер кој е во спротивност со Законските одредби реагираа и од ЗНМ и ААВМУ.
- Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) алармира за постапката на градот Скопје, кој преку јавна набавка планира да инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни телевизии и онлајн медиуми за промоција на активности на градот.
Според огласот за јавна набавка, достапна на Електронскиот систем за јавни набавки, градот Скопје предвидува да инвестира речиси 5 милиони денари за „Подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на градот Скопје“ преку маркетинг агенција. Укажуваме дека со ваквиот начин на финансирање на медиуми Градот Скопје го прекршува мораториумот за забрана на јавни кампањи во приватни медиуми и директно го прекршува членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за забрана за рекламирање, како и Одлуката на владата за забрана за рекламирање во традиционалните и онлајн медиуми од 2017 година, реагираа од ЗНМ.
- По информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу 5 милиони денари, за промоција на кампањи за посебни активности на Град Скопје преку маркетинг агенција, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека користењето буџетски средства за ваков вид активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се вели во реакцијата на ААВМУ.