Проектот „Поддршка на изборни реформи“ денеска ќе одржи онлајн инофрмативна сесија во врска со Повикот за апликации за грантови за иновативни иницијативи.

Целта на информативната сесија е поблиску да ги запознае потенцијалните апликанти со потребната документација и процедурата за аплицирање на Повикот.

Вкупната сума која е на располагање за овој повик е 6.600.000 денари, а барањето за грант треба да изнесува најмногу 300.000 денари. Апликации можат да поднесат граѓански организации (граѓански здруженија и фондации) регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Крајниот рок е 30 септември до 16:00 часот.

Предложените иновативни иницијативи треба да идентификуваат проблем во заедницата за кој било ветено решавање или решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа, и да ја мобилизира заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања.

Апликантот треба да избере област/тема која била ветена за време на локалните избори во 2021 година, да провери дали областа/темата е внесена во работниот план и буџетот на ЕЛС за 2022-ра и да ги организира активностите околу таа тема. Времетраењето на иновативните иницијативите треба да биде помеѓу четири и шест месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2022 08:38