Трејлерот за новиот филм на „Дизни“ – „Малата сирена“, беше објавен овие денови. Главната улога на принцезата на океанот – Ариел, ја толкува Хали Бејли, а трејлерот собра повеќе од 12 милиони прегледи и голем број позитивни коментари на исчекување.

Пред Хали, имаше само една Афроамериканка принцеза на Дизни – Тијана од анимираниот филм „Принцезата и жабата“ од 2009 година. Кога 22-годишничката доби улога во новиот филм на „Дизни“, што е преработка на цртаниот од 1989., многу Афроамериканки и Афроамериканци се пресреќни поради тоа, наведуваат американските медиуми, па интернет-просторот е полн со радосни реакции на деца при првото гледање на трејлерот на претстојниот игран филм.

„Кога твојата омилена принцеза на Дизни личи на тебе“, гласи описот на една видеоснимка со мало девојче.

И самата Бејли сподели видео со натпис: „Со липање го гледав ова“.

Во филмот глумат и Џона Хауер-Кинг како принц Ерик, Хавиер Бардем како морскиот крал Тритон, Давид Дигс како ракот Себастијан и Мелииса МекКарти како вештерката Урсула. Прикажувањето е закажано за 26 мај 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2022 09:03