Отворен е повик за учесници и волонтери на 10. Јубилејно издание на фестивалот на младите „Џифони Македонија“.

Филмскиот фестивал ќе се одржи од 5 до 10 октомври и ќе може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование.

Учесниците ќе бидат поделени во три категории Јуниори – од 6 до 9 oдделение, Кадети – прва и втора година средно училиште, Сениори – од трета и четврта година средно.

По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања.

Програмата предвидува шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа.

Местата се ограничени, а учеството на фестивалот е бесплатно.

Јубилејното издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Северна Македонија.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2022 14:52