Во рамки на Скопје филм фестивал вечерва ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.Ова е нејзина четврта книга, издавач е „Аквариус“.
-Ова не се само филмски рецензии, ова се есеи за животот, за темите, кои вечно не интригираат и чии прашања и одговори се бројни, сè зависи каде одиме, што бараме и што се надеваме дека ќе најдеме“, се вели во предговорот на книгата на Уневска.
Како дел од програмата на Скопје филм фестивал, по промоцијата ќе биде прикажан филмот во норвешко – шведската продукција „Смачено ми е од себе“, по сценарио и режија на Крисофер Боргли, дел од програмата Фокус на европски филм. Потоа следува уште една проекција на филмот „Триаголник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд.