Во Спомен собата на Миладиновци, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечер, ќе биде промовиран романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев.

– Овој текст многу ќе придонесе за јавноста да се запознае со приликите, историјата и вистината за македонскиот народ. Само со објавување на вакви текстови пошироката меѓународна јавност ќе може да се запознае со вистината и да помогне да се сменат работите во насока на признавање и почитување на Човековите права, пишува еден од промоторите, проф. д-р Алексадар Даштевски.

Освен Даштевски, за „Водена приказна“ ќе зборуваат и Јана Илиева и Софија Граматова Ристовска. На промоцијата, извадоци од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Александар Сашко Кукулев е новинар, публицист, прозаист, сценарист. Пишува поезија, проза и работи на филмски сценарија. Автор е на поемата „Jazz“, а “Водена приказна” е негов трет роман. Добитник е на бројни награди и признанија од областа на публицистиката и литературата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2022 09:16