Изминатиот период од страна на општина Гази Баба беше реализирана теренска анкета за испитување на јавното мислење на жителите на Автокоманда за воведување на зонско паркирање.

Денес градоначалникот Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук ги објави резултатите од теренска анкета.

Во објавата на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на Зонско паркирање.

Изминатиот период од страна на општина Гази Баба се реализираше теренска анкета за испитување на јавното мислење на жителите на населба Автокоманда за воведување на зонско паркирање.

За време на теренската анкета се изврши посета на секое домаќинство во населбата по што од резултатите може да се утврди дека жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на зонско паркирање.

Резултатите од анкетата се:

951 испитано домаќинство

632 се изјасниле ЗА

266 се изјасниле ПРОТИВ

53 одбиле да одговорат

Мислењето на граѓаните е она кое не води во носењето на одлуките. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2022 12:48