Денеска одржавме одличен состанок со оперативниот директор на Huyndai Engineering, Парк Чан Ву и неговиот тим во седиштето на Хјундаи во Сеул, информира Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции на неговиот фејсбук профил.

– Разговаравме за можностите за соработка и инвестиции на Хјундаи во нашата земја во инфраструктура и енергетика, со фокус на обновливи извори на енергија и водород, напиша Битиќи на фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2022 13:00